Татјана Стојановска во издание какво ретко ја гледаме – водителката со овој детаљ ги воодушеви сите
Македонската водителка се прошета во црн кус фустан и со еден детаљ што го забележаа сите
Тања замина на одмор и ги почести фановите со една заводлива фотографија.
Популарната презентерка Татјана Стојановска е една од најубавите жени кај нас.
ФОТО: Инстаграм / Татјана Стојановска
Уште во младоста ја освои титулата Мис Македонија, а денес може да се каже дека времето за неа како да запрело.
Тања е мајка на едно дете, синот Матеј, кој го доби во бракот со пејачот Благоја Груевски.
ФОТО: Инстаграм / Татјана Стојановска
Тања долги години беше во врска со партнерот Михаил Китановски со кој летово заплови вобрачните води.
Водителката изгледа подобро од било кога, а се чини и дека бракот навистина ѝ годи.
ФОТО: Инстаграм / Татјана Стојановска
И двајцата се големи авантуристи и обожаваат да патуваат, па на нивните профили може да се видат фотографии од дестинациите што го посетиле.
По свадбата Тања и Михаил отпатуваа на одмор во Италија од каде водителката сподели фотографија и предизвика бура реакции.
ФОТО: Инстаграм / Татјана Стојановска
Имено, на неа Тања позира во ултра кратко фустанче, кое одлично ги истакнува нејзините витки нозе.
ФОТО: Инстаграм / Татјана Стојановска
Инаку, Татјана покрај фустанот привлече внимание со уште еден интересен детаљ што го носеше. Во прашање е белиот шешир со кој шармантната водителка целото издание го подигна на едно повисоко ниво.
Жените ги обожаваат ваквите шешири, и тоа не само затоа што има функција и ве штити од сонцето, туку и изгледаат топ во секое издание.
ФОТО: Инстаграм / Татјана Стојановска
ФОТО: Инстаграм / Татјана Стојановска
ФОТО: Инстаграм / Татјана Стојановска