Татјана и на 49 години си позира во костим за капење, а и нејзиниот наследник е опасен фраер (фото)
И на прагот од шестата деценија изгледа одлично
Популарната фолк-пејачка Татјана Лазаревска објави фотографија од одморот и ги изненади своите бројни фанови.
Пејачката која пред нешто повеќе од месец дена наполни 49 години, а роденденот го прослави во својата градина опкружена со домати, пиперки и тикви, овој пат се покажа во малку поинакво светло.
Инстаграм/ Татјана Лазаревска
Имено, Татјана ги воодушеви своите верни фанови со една фотографија на која позираше во костим за капење испружена во водата.
Таа го истакна своето тело и откри како изгледа на прагот на шестата деценија, покажувајќи дек е жена за која годините се само бројка.
Инстаграм/ Татјана Лазаревска
Потсетуваме, Татјана пред неколку години со својот сопруг Новица Василевски се пресели во Мелбурн, Австралија.
Инстаграм/ Татјана Лазаревска
Тие таму заминаа заедно со синовите Петар и Стефан, а пејачката деновиве сите ги изненади и со една снимка од нејзиниот наследник.
Инстаграм/ Татјана Лазаревска
Имено, помалиот син Стефан тргна пo стапките на своите родители, па мама го сними и покажа како тој удира на тапан.
Инстаграм/ Татјана Лазаревска
Пејачката и со оваа своја објава веднаш ги израдува сите, посебно нивните блиски роднини во Македонија.
Инстаграм/ Татјана Лазаревска
Пејачката со својата мајка која им беше на гости
Инстаграм/ Татјана Лазаревска
Татјана со своите колеги од Македонија
Инстаграм/ Татјана Лазаревска
Постариот син на Татјана, Петар
Инстаграм/ Татјана Лазаревска
Татјана и Новица во 2015 година заминаа од Македонија и се преселија да живеат во Мелбурн, и тоа на празникот Водици…
Инстаграм/ Татјана Лазаревска
Како што самите истакнаа во една пригода, решиле да се преселат току заради нивните деца, да им овозможат малку поинаква иднина.
Инстаграм/ Татјана Лазаревска
Ова е нивниот нов дом…