Татјана во издание во какво ретко ја гледаме – убавата водителка ужива покрај бaзенот во луксузниот хотел
Еве како водителката го минува времето во Турција
Нашата позната водителка, Татјана Стојановска, ги спакува куферите и замина да ги „наполни батериите“ во Турција.
Водителката од таму објави неколку фотографии и покажа како ужива додека се шета покрај базенот во хотелот во кој престојува.
Облечена во црн фустан за плажа, со црни очила и шешир Татјана ужива во убавото сончево време, а потоа објави и една снимка покажувајќи детали од луксузниот хотел во кој што е сместена.
Фото: Инстаграм/ Татјана Стојановска
Станува збор за познат хотел кој се наоѓа во близна на Анталија, кој е совршен избор за летување во Турција.
Фото: Инстаграм/ Татјана Стојановска
Хотелот има своја приватна, песочна плажа со чадори и лежалки, но и отворени и затворени базени, тобогани, фитнес центар, турско купатило, сауна, одбојка на плажа, тениски терени…
Фото: Инстаграм/ Татјана Стојановска
Татјана која пред камерите секогаш е смерна и елегантна, сега ни откри како изгледа и во едно вакво опуштено издание.
Фото: Инстаграм/ Татјана Стојановска
И ако судиме од снимката и фотографијата што познатата водителка ја направи во турското летувалиште, воопшто не се сомневаме дека ужива во преубавиот амбиент и луксузот што го нуди ова место.
Фото: Инстаграм/ Татјана Стојановска
Потсетуваме, познатата водителка минатото лето врската со својот партнер Михаил Китановски ја круниса со брак.
Фото: Инстаграм/ Татјана Стојановска
Фотографиите од нивната интимна свадбена прослава се уште стојат на нејзиниот Инстаграм профил, како и коментарите во кои многумина на водителката и порачуваа дека беше преубава невеста.
Фото: Инстаграм/ Татјана Стојановска
По свадбата Тања и Михаил отпатуваа на меден месец во Италија од каде убавата водителка исто така сподели фотографија со која предизвика бура од реакции како и сега, а интересно е и тоа што и тогаш го носеше истото црно фустанче со кое и овој пат ги воодушеви своите бројни фанови.
Фото: Инстаграм/ Татјана Стојановска
Инаку, Татјана оваа година треба да го прослави својот јубилеен 50-ти роденден, но таа се уште плени со својот шарм и убавина.
Фото: Фејсбук/ Татјана Стојановска
Таа во младоста ја има освоено титулата Мис Македонија, а и денес за неа може да се каже дека е жена за која годините се само број.