Татјана блескаше на црвениот килим како принцеза – насмевката и по толку години речиси иста
И креацијата што ја носеше никого не остави рамнодушен
Познатата водителка блескаше на еден настан во нашата престолнина
Нашата позната водителка Татјана Стојановска блескаше на црвениот килим, а нејзината насмевка не ја тргаше од лицето.
Таа за оваа пригода избра црвен фустан во кој изгледаше како холивудските диви и во кој блескаше од глава до пети.
Станува збор за раскошна креација со спуштени прерамки и отворено деколте, со должина до подот, која Татјана ја носеше со кармин во страсна црвена боја и големи, впечатливи обетки.
Инстаграм/ Татјана Стојановска
Многумина и овој пат беа изненадени од овој нејзин софистициран изглед, впрочем како и секогаш кога ќе се појави во тоалета.
Инстаграм/ Татјана Стојановска
Потсетуваме, Татјана заедно со колешката Бојана Тевчева и колегата Борислав Тноковски го водеа вчерашниот избор за Мис Универзум.
Инстаграм/ Татјана Стојановска
Токму Татјана во 1992 година беше избрана за Мис на Македонија, па како изгледаше тогаш, погледнете во продолжение…
Принтскрин/ Екран
Повеќе за овој настан и за девојката што ја освои круната и ќе не претставува на годинешниот Мис Универум прочитајте тука …