Реклама
Вирално

Таткото негира вмешаност во случајот – осомничените изјавиле дека од него добивале информации

Приведените лица наводно од таткото ги добивале информациите за девојчето, но не диретно, туку преку првоосомничениот кој во моментов е во бегство

Реклама

Во тек е прес-конференцијата во врска со киднапирањето и убиството на малолетната Вања Ѓорчевска.

Министерот Оливер Спасовски и Јавниот обвинител Гаврил Бубевски открија дека информациите за малолетната Вања Ѓорчевска, која исчезна во понеделникот на 27 ноември, 2023 година, а чие безживотно тело беше пронајдено вчера, во селото Бразда, на осомничените за киднапирањето и убиството наводно ги дал нејзиниот татко.

Нејзиниот татко Александар, како што открија министерот и обвинителот овие информации му ги дале на првоосомничениот кој во моментот не е меѓу приведените и е во бегство надвор од државата.

Маркетинг

Таткото во текот на истрагата негирал вмешаност, а министерот потврди и дека всушност и тој го пријавил исчезнувањето на ќерката

Таткото секогаш, во текот на истрагата, на повик на полицијата се јавувал, откри министерот Оливер Спасовски.

Маркетинг

Принтскрин, Фејсбук, Канал 5

Министерот исто така откри и дека самото убиство се случило во атарот на село Бразда, во Чучер Сандево.

Претходно Обвинителот опиша дека Вања била грабната од влезот во кој што живеела. И биле врзани рацете и нозете и била ставена во враќа за спиење, а потоа ставена во возилото на претходно убиениот 74-годишниот Панче Жешовски, кој исчезна на 22 ноември.

Ова возило беше пронајдено опожарено во истото село, а цело време за време на извршување на делото одело во придружба на уште едно возило кое било наменето за партиски цели на партијата која што ја основа првоосомничениот кој во моментот не е достапен за органите на прогонот и е надвор од државата.

Обвинетите го признале делото и тие им кажале на полицијата каде точно ги закопале двете убиени лица.

Првоосомничениот кој според полицијата со пиштол ја усмртил 14-годишнта Вања на напуштил државата на 30 ноември.

Тој најпрво заминал во Белград, а од таму во Бугарија, но како што потенцираше министерот, ќе биде направено се ова лице кое го нарече монструм да биде изведено пред лицето на правдата.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button