Таткото на Данка го запрел автомобилот на осомничените за убиството но не знаел дека малата Данка била во багажникот
Министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ на прес-конференција ги соопшти деталите за убиството на двегодишната Данка Илиќ од Србија
Тој во врска со убиството на Данка Илиќ рече дека таткото на убиеното девојче го запрел автомобилот со убијците.
Тој рече дека таткото на исчезнатата Данка се приближил до автомобилот, по нејзиното исчезнување, бидејќи видел луѓе во него.
Потоа ги прашал дали ја виделе Данка, луѓето рекоа дека не, а Данка беше во багажникот.
Гашиќ рече дека Данка кобниот ден се оддалечила од дворот и се движела по асфалтот.
„Околу 13 часот и 50 минути мајката видела бел автомобил и машки лик покрај возилото „фиат панда“ во кое се наоѓале осомничените. Тие рекоа дека биле на работна задача во Бањско поле, да ја проверат шахтата.
Нивните движења биле снимени на камера. Подоцна било снимено дека возилото застанало на капијата околу 13 часот и 50 минути. Возилото во кое биле С.Ј и Д.Д., било пред капијата околу 2 и пол минути, застанале бидејќи им требало тоалетот. Потоа тргнале и го удриле девојчето на 30-40 метри од местото на застанувањето“, изјави министерот Гашиќ.