Наши ѕвезди

Таткото на Адам Лабунски и се врати на старата љубов и тоа во време на коронавирусот – убави вести од фолк пејачот Ибро!

Advertisement

Нема некој од неговите фанови што не е позитивно изненаден од оваа негова одлука

Фото: Фејсбук/ Ибро и Адам Лабунски

Познатиот пејач на народна македонска музика Ибро Лабунски по долго време реши повторно да издаде албум

Advertisement

Тој во последно време сериозно работи на него, а насловот на првата нумера е „Ти се враќам песно“.

Така ќе биде насловен и албумот.

По ова ќе следи и една балада, која ќе биде насловена како „Страница нова“ и една латино песна „Сакав сонот да ми трае“.

Advertisement

https://www.facebook.com/ibro.labunski/videos/3350197641666376

 

Ибро е татко на младиот македонски пејач Адам Лабунски кој ја освои публиката со своето учество најпрво во „Пинк ѕвезди“, а потоа и во „Ѕвездите на Гранд“. Тие понекогаш знаат да настапат заедно, а видеата и на двајцата имаат милионски прегледи на социјалните мрежи.

Фото: Фејсбук/ Ибро Лабунски

Едно од најгледаните видеа на Ибро на Јутјуб е она на кое во песната свири и македонската легенда Ферид Мустафов.

Фото: Фејсбук/ Ибро Лабунски

Инаку, неговиот син Адам иако беше фаворит и во двете музички шоуа, не успеа да ја однесе победата.

Фото: Фејсбук/ Ибро Лабунски

Ибро цело време беше со него кога младиот пејач стигна до самото финале, но заради инцидент што се случи во хотелот во кој беше сместен, се скара со продукцијата и беше дисквалификуван од шоуто.

Проблемот најпрво настана откако Ибро и Ѓорѓе Давид имаа мало недоразбирање затоа што неговиот син реши во последен момент да ја смени песната која што претходно му ја одреди менторот да ја пее и со месеци наназад ја подготвувале. Ѓорѓе тогаш се налути, а Ибро застана во одбрана на синот, што е потполно разбирливо, но потоа, по инцидентот во хотелот, и Марија Шерифовиќ, која до тогаш беше неутрална, реши да застане на страната на Ѓорѓе и беше донесена одлука младиот Лабунски да го напушти шоуто.

Фото: Фејсбук/ Ибро Лабунски

Ибро тогаш долго време не се огласи и не сакаше да го коментира целиот настан, туку само неколку дена по инцидентот објави видео од настапот на Адам во „Пинк ѕвезди“ во 2018 година, со коментар.

Фото: Фејсбук/ Ибро Лабунски

„Адам Лабунски не престави во соседството се една прекрасна македонска песна до „Три ми пушки пукнаја“. Да ја послушаме“, гласи описот на видеото кое тогаш го објави Ибро, а кое можете да го видите во продолжение.

Фото: Фејсбук/ Ибро Лабунски
Фото: Фејсбук/ Ибро Лабунски
Фото: Фејсбук/ Ибро Лабунски
Фото: Фејсбук/ Ибро Лабунски
Фото: Фејсбук/ Ибро Лабунски
Фото: Фејсбук/ Ибро Лабунски
Фото: Фејсбук/ Ибро Лабунски
Фото: Фејсбук/ Ибро Лабунски
Фото: Фејсбук/ Ибро Лабунски
Фото: Фејсбук/ Ибро Лабунски
Фото: Фејсбук/ Адам Лабунски
Фото: Фејсбук/ Адам Лабунски
Фото: Фејсбук/ Адам Лабунски
Фото: Фејсбук/ Адам Лабунски
Фото: Фејсбук/ Адам Лабунски
Фото: Фејсбук/ Адам Лабунски
Фото: Фејсбук/ Адам Лабунски
Фото: Фејсбук/ Адам Лабунски

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button