Реклама
Вирално

Татко скршен од болка откри како неговиот син (13) го загубил животот поради короната, но на поинаков начин (ВИДЕО)

Реклама

Ожалостен татко откри дека неговиот син си го одзел животот откако не можел повеќе да издржи во карантин воведен поради коронавирусот, само неколку дена пред својот 13-ти роденден.

Бред Ханстабл од Аледо, Тексас рече дека Хеајден (12) не бил „депресивен“ или „некој кој многу шетал наоколу“ пред пандемијата од коронавирус.

Маркетинг

Но неговиот син страдал поради тоа што итно била донесена одлука за седење дома и што се затворени и училиштата.

Зборувајќи за својата загуба, Ханстабл одби „самоизолацијата“ луѓето да ја сметаа „како летен одмор“ за децата како Хајден, кој бил заглавен дома и изолиран од своите врсници.

Маркетинг

„Не е како лето“, вели Ханстабл во емотивното видео објавено на ЈуТјуб, каде тој опишува како коронавирусот го уби неговиот син „но не на начинот на кој мислиме“.

„Ние имаме социјален и емотивен балон кој наскоро ќе пукне“, вели тој „и се надевам никој да не се чувствува вака, да го види она што јас го видов и да ја почувствува оваа болка“.

На 17. април, три дена пред својот 13. роденден, 8-годишната ќерка на Ханстабл му рекла дека Хејден се обесил во спалната.

Таткото верува дека трагедијата нема да се случи во неговото семејството доколку не беше вирусот и последиците од него.

Тој се сеќава дека Хејден се борел со тоа што му недостасувало училилиштето, другарите и таа рутина.

Како страстен гејмер, тој бил гневен кога случајно си го скришил мониторот – да не го спомнуваме фактот дека поради коронавирусот ќе останеше без роденденска прослава и подароци.

„Верувам дека мојот син ќе беше жив денеска ако одеше на училиште. Притоа не го занемарувам ниту масовното страдање низ светот поради вирусот“, вели скршениот татко.

„Не сакам мојот син да остане запаметен по последната грешка што ја направи. Никој не го сака тоа. Напротив, сакам да го паметиме Хејден како „насмеано, добродушно, посветено и одлично момче“.

Таткото на Фејсбук отвори страница наречена “Hayden’s Corner” за да собира пари за кампањи за ментално здравје.

Целта е да им помогне на училиштата да обезбедат содржина за учење фокусирана на емотивниот развој на младината и да се покрене јавна кампања, како и едукцаија на децата и родителтие за одговорно играње и нагледување на децата од страна на родителите и корпорациите за игри.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button