Полицијата од Бања Лука уапси човек осомничен за сексуална злоупотреба на својата 14-годишна ќерка.
Станува збор за случај што минатата недела ја потресе цела Босна и Херцеговина откако деталите за монструозната злоупотреба протекоа во јавноста. Според порталот Аваз, осомничениот работел во странство, а му бил издаден налог врз основа на кој тој бил уапсен откако се вратил во БиХ.
Им кажала на своите пријатели
Целиот случај бил откриен откако девојката им кажала на своите другарки од училиште. Таа им кажала дека нејзиниот татко ја присилил на секс. Другарките ја убедуваа да го пријави и да побара помош од директорот, па за среќа девојчето се согласило и го пријавила својот татко.
Веднаш штом ги дознаа деталите за монструозниот случај, социјалните работници го информираа Центарот за социјална работа во Бања Лука, полицијата и обвинителството во овој град. Девојчето беше интервјуирано во согласност со сите законски прописи, а медицинските прегледи потврдија дека таа била сексуално злоупотребувана.
Според сведочењето на девојчето, нејзиниот татко ја злоупотребувал во нивниот семеен дом кога биле сами.