„Таму каде постои надеж, постои и живот“ – 10 безвременски цитати од Ана Франк
Да се потсетиме на зборовите на Ана.
Анелис Мари „Ана“ Франк била германско девојче од еврејско семејство од градот Франкфурт којашто стекнала светска слава стекнала благодарение на своите дневници во кои ја опишала германската окупација на Холандија за време на Втората светска војна.
„Таму каде постои надеж, постои и живот. Надежта не полни со свежа храброст и повторно не прави силни“.
„Среќата се заслужува преку правење на добро и работење, не со шпекулирање и мрзеливост. Мрзеливоста можеби е попривлечна, но само работата овозможува вистинско задоволство“.
„Длабоко во себе, младите се поосамени од постарите“.
„Сакам да пишувам, а повеќе од тоа, сакам да го изнесат сето она кое ми лежи на душата“.
„Зошто некои луѓе мораат да гладуваат, а во другите делови од светот да имаат вишок“?
„Не сакам да живеам залудно, како поголемиот дел од луѓето. Сакам да бидам корисна и да им носам среќа на луѓето, дури и на оние кои не сум ги запознала. Сакам да продолжам да живеам и по смртта“.
„Никој не станал сиромашен со давање“.
„Колку би било убаво ако никој не мора да чека ни минута за да почне да го прави светот поубаво место“.
„Постои само едно правило кое треба да го запомниш: смеј се на сè и заборави на другите! Звучи егоистично, но тоа е единствениот лек против себе-сожалувањето“.
„Вистинско чудо е што не сум се откажала од своите идеали, бидејќи ми изгледаат толку апсурдни и невозможни за остварување. Сепак, не се откажувам од нив, после сè, и понатаму верувам во добрината на луѓето“.