Тамара Тодевска конечно им се извини на гледачите од Македонија за несреќната изјава со амбулантните возила
Тамара Тодевска на Евровизија постојна неверојатен успех, освојувајќи го седмото место на овој престижен музички фестивал.
Но по нејзиното враќање во Македонија, таа направи еден мал лапсуз поради кој беше критикувана на социјалните мрежи.
Имено, Тамара Тодевска откако се врати од Тел Авив беше пречекана на скопскиот аеродром, а потоа беше гостинка во Отвореното студио на 1 ТВ.
Но таму при нејзиното гостување имаше една несреќна изјава во кога на новинарско прашање одговори дека нема поента да се откажуваме од вакви настани и со истите пари да купуваме амбулантни возила.
Оваа изјава предизвика бура од реакции на социјалните мрежи, па Тамара во нејзиното последно интервју се извини до публиката.
Не се искажав така како што мислев, вели Тамара која утре ќе го прослави својот 34 роденден.
Инаку, Тамара деновиве заедно со комплетниот авторски и сценски тим со кој настапи на изборот за Песна на Евровизија добија од премиерот на Македонија плакета како знак за признание за историското прво место на овој престижен музички фестивал. Премиерот им се заблагодари и им честиташе за резултатот што го постигнаа со гласањето на стручното жири на најгледаната манифестација на популарната музика во светот – Евросонг 2019 во Тел Авив, Израел, за композицијата „Горда“ (Proud), која ја направи нашата земја главна тема на евровизиското музичко шоу што го гледаа 200 милиони гледачи.