Тамара Тодевска една година по разводот со друг маж – познатата пејачка веќе не го крие новото момче
Пејачката го покажа новото момче од кое на многу жени ќе им паднат вилиците
Многумина се среќни што Тамара повторно плови во љубовните води
Една година откако се раздели од сопругот Александар Димитровски-Мачка, наш поранешен кошаркар и репрезентативец. со кого беше во брак седум години, познатата пејачка Тамара Тодевска се појави во јавност со друг маж и ги изненади сите.
И бидејќи станува за една од нашите најпознати пејачки, брзо се дозна за кого станува збор, а се појавија и коментари дека се одличен пар и дека пејачката конечно го пронашла мажот на својот живот.
Тие овој викенд го поминаа заедно на Галичник, а пејачката објави неколку фотографии на кои се гледа колку се среќни.
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
На една од нив Тамара го бакнува својот сакан во образот, а нејзиното ново момче Лука позира со насмевка на лицето.
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
Познато е дека Лука е првиот маж со кого Тамара се појави во јавност по разводот, а да не станува збор за пријателска дружба.
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
Тие веќе некое време се во врска, а ова не се нивните први заеднички фотографии што Тамара ги има објавено.
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
Но од нив можеме да видиме дека и двајцата се пресреќни кога времето го минуваат заедно и тоа не го кријат.
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
Од коментарите што ги добиваат на социјалните мрежи, можеме да заклучиме дека новото момче им се допаѓа на нејзините фанови.
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
Станува збор за млад и згоден архитект и дизајнер за ентериери и внатрешно уредување, на кого очигледно не му беше тешко да го освои срцето на пејачката, но и да и помогне да го преброди тешкиот период.
Потсетуваме, Тамара Тодевска седум години беше во брак со нашиот кошаркар и репрезентативец Александар Димитровски-Мачка.
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
Тие од овој брак ги имаат децата Хана и Дарен, заради кого пејачката и поранешниот кошаркар останаа во добри односи.
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
Таа во една пригода откри дека најважни и се децата, односно нивните права и интереси да бидат заштитени.
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
„И Хана и Дарен посетуваат училиште, градинка, веќе не се мали, разбираат и одговорноста на мене и Мачка е голема, пред сѐ да ги заштитиме нив“ , изјави Тамара веднаш откако се прошири веста дека се разделува од својот поранешен сопруг.