Тамара Тодевска го прослави првиот роденден на својот син – ќе се воодушевите од тортата, но и од тоа како изгледаше славеникот
Кога постои љубов НИШТО не е тешко
Познатата поп-пејачка Тамара Тодевска веќе неколку години ужива во складниот брак со поранешниот кошаркар Александар Димитровски – Мачка.
Тие од овој брак имаат две прекрасни ангелчиња – ќерката Хана која по евровизискиот настап на Тамара стана светска ѕвезда благодарение на нејзината песна, и синчето Дарен кој деновиве го прослави својот прв роденден.
Пејачката на Инстаграм сподели неколку фотографии од кои можеме да видиме како беше на роденденската забава.
Славеникот беше облечен во рок стил, со маичка Ролинг Стоунс, а Тамара бела маичка и тесно црно здолниште.
Имено, Тамара пред точно година дена по втор пат се оствари во улога на мајка, па на прославата на својот син не можеше да ги сокрие емоциите, па ја (ре)објави фотографијата од малиот Дарен со бонбончињата.
Таа објави и неколку фотографии од кои можеме да видиме како изгледаше роденденската торта полна со слатки животни.
Погледнете дел од веселата атмосфера: