Тамара Тодевска го претстави ЗГОДНИОТ АРХИТЕКТ – ПЕЈАЧКАТА СЕ ТОПИ во неговите прегратки (фото)
Никогаш не била посреќна...
Познатата пејачка започна врска со младиот и атрактивен Лука кој по професија е архитект и дизајнер за ентериери.
Пејачката веќе некое време ужива во љубовта со момчето, а од неодамна реши да го покаже и да не го крие од јавноста.
Таа тоа го направи и деновиве кога објави уште една нивна заедничка фотографија и ги воодушеви сите.
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
На романтичната фотографија се гледа како Лука ја гушка и бакнува Тамара, а објавена е со една љубов песна во која се вели:
„Девојко, ти си создадена за мене. јас сум создаден да те сакам, душо. Ти си создадена да ме сакаш, не можам да се наситам од тебе…“
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
Тамара и Лука нивната љубов ја започнаа пред неколку месеци, а според оние што ги познаваат, ги има споено сличниот темперамент. Тие сега го користат секое свое слободно време да бидат заедно и да отпатуваат некаде на одмор, а од нивните објави можеме да заклучиме дека секогаш си поминуваат одлично кога се заедно.
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
Познатата пејачка претходно седум години беше во брак со поранешниот кошаркар Александар Димитровски – Мачка со кого има две деца, Хана и Дарен, кои имаат одличен однос и со Лука.