Тамара Тодевска во панталони што жените ги обожаваат – ги ИЗДОЛЖУВААТ нозете и прават да изгледате послабо
Тамара Тодевска веќе со години е на сцената и важи за една од нашите најдобри пејачки на поп-музика.
Нашата позната пејачка Тамара Тодевска веќе со години важи за една од најголемите ѕвезди на нашето музичко небо.
Но покрај својата завидна музичка кариера, Тамара во последно време се почесто привлекува внимание и со својот изглед.
Имено, таа веќе одамна се реши од вишокот килограми и сега изгледа подобро од кога било досега, а нејзините модни комбинации можат да послужат како инспирација на многу наши дами.
Впрочем така беше и овој пат кога Тамара за едно гостување на телевизија избра црни широки панталони што се хит веќе со години.
Тие од сезона во сезона само го менуваат кројот, а Тодевска овој пат избра оверсајз модел со суптилни риги и потполно заблеска во нив.
Таа за оваа специјална пригода ги носеше со широко сако во впечатлива жолта нијанса, а целото издание го заокружи со сребрени светкави салонки со високи потпетици со шпицест врв и преубава шминка.
Ваквото сако ја истакна тенката половина на пејачката, додека широките панталони ги издолжија нејзините нозе.
Тамара едноставно блескаше во ова издание, кое е одличен избор како за вечерни така и за дневни пригоди.
Што се однесува до панталоните, ваквите модели се хит веќе неколку сезони и им се омилени на многу познати дами.
Како изгледаше Тамара во нив, но и уште неколку шик модни приказни со нејзин потпис, погледнете во галеријата…
Фото: Фејсбук/ Тамара Тодевска
Фото: Фејсбук/ Тамара Тодевска
Фото: Фејсбук/ Тамара Тодевска
Фото: Фејсбук/ Тамара Тодевска
Фото: Фејсбук/ Тамара Тодевска
Па, дали ви се допаѓа стилот на Тамара?