Тамара Тодевска на доделувањето на спортските награди во еден хотел во Скопје ја изведе македонската химна.
Наградите за најдобрите во кошарката за 2019 година беа доделени од страна на Кошаркарската федерација на Македонија, а Тамара на социјалните мрежи сподели фотографија на која позира со легендарниот поранешен кошаркар и сегашен претседател на кошаркарската федерација, Перо Антиќ.
Познатата пејачка за оваа пригода избра да носи црно од глава до пети. Имено таа носеше широки црни панталони во комбинација со кошула со тантела, а целото издание го зачини со тенки високи потпетици.
Како изгледа Тамара додека позира покрај Перо Антиќ, погледнете во продолжение.
Инаку Тамара во моментов работи на нејзиниот трет студиски албум кој треба да го очекуваме некаде на почетокот на следната година. Албумот ќе се вика „Monsters“ и го работи со победничкиот евровизиски тим, и како што вели самата дава максимум од себе албумот да биде успешен. Таа неодамна во Тирана доби награда за „Најдобар интернационален артист“, a пред неколку дена на социјалните мрежи сподели и неколку фотографии од снимањето на „Monsters“.
Погледнете дел од нив: