Тамара по разводот „фатена“ како се бакнува со овој шармантен фраер кој изгледа како Аполон
Не ја трга насмевката од лицето кога е со него
По разводот често ја гледаме со него
Нашата позната пејачка Тамара Тодевска ги „шокираше“ сите кога откри дека се разведува од нејзиниот сопруг.
Претходно ништо не наговестуваше дека Тамара и поранешниот кошаркар Александар Димитровски Мачка имаат проблеми во бракот, барем за повеќето фанови, иако некое време зад кулоарите кружеше муабет дека нивната љубов е на стаклени нозе.
Тие и покрај недоразбирањата што ги имаа додека беа заедно, решија да останат во добро односи, посебно заради децата.
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
Тамара како гостинка на една емисија во Србија откри дека одлуката не ја донела преку ноќ и дека долго време живеела во агонија.
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
Впрочем овие нејзини емоции таа ги „преточи“ во нејзината песна Нијагара во која што зборува за таквиот „кафез“.
По разводот пејачката речиси ништо нема откриено за својот емотивен живот, па затоа и нејзината последна фотографија што ја објави на Инстаграм ги изненади сите.
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
Имено, Тамара објави фотка на која позира покрај момче, кое го бакнува во образот, со песна од Шаде, „Бакнежот на животот“.
Фото: Инстаграм/ Лука Радовиќ
Од фотографијата што ја сподели, можеме да видиме дека во прашање е Лука Радовиќ, архитект и дизајнер од Скопје.
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
Ова не е нивна прва заедничка фотографија на социјалните мрежи и токму затоа многумина се сомневаат дека не станува збор само за добар пријател, туку дека помеѓу нив има нешто повеќе.
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
А нивна последна заедничка фотографија што ја објавија и двајцата само ги подгреа овие муабети, а дали навистина има нешто или не помеѓу нив, се надеваме дека наскоро ќе дознаеме…