Реклама
Наши ѕвезди

Тамара откри со кого го минува времето по разводот – преполовена и разголена ужива за сите пари

Пејачката ги изненади сите со своите нови фотографии

Реклама

Тамара замина на својот заслужен одмор

Познатата пејачка Тамара Тодевска откако се преполови и со вежбање го донесе своето тело во топ форма, не престанува да ги изненадува своите бројни обожаватели и со „разголени“ фотографии.

Впрочем така беше и овој пат, кога пејачката објави неколку Инстаграм сториња со кои ги воодушеви сите.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска

Таа празникот го искористи да замине на заслужен одмор и да си ги наполни батериите за претстојните предизвици.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска

Но пејачката не можеше, а да не се огласи преку социјалните мрежи, а една фотка посебно привлече внимание.

Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска

Имено, таа позираше додека се сонча и ужива на лежалка, истакнувајќи го телото во црн дводелен костим за капење.

Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска

Таа позираше со една подигната нога и во друштво на пријателка, и сите се согласни дека изгледа подобро од кога било досега.

Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска

Покрај оваа фотографија, уште една објава на Тамара привлече внимание, посебно затоа што на неа е со машко.

Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска

Во прашање е извесен Лука Радовиќ од Скопје, архитект и дизајнер за ентериери и внатрешно уредување со кого Тамара веќе неколку пати има објавено заеднички фотографии. Е сега дали станува збор за добар пријател со кого Тамара во последно време често се дружи или помеѓу нив има нешто повеќе се уште не е познато, но под една заедничка фотографија која што Тодевска ја објави неодамна на Инстаграм, тие се во поприлично страсно издание.

Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска

Таа тогаш покрај оваа фотка објави и еден цитат со кој дополнително ги заинтригира нејзините фанови.

Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска

„Шест часа поминуваат за 30 минути кога си со вистинската личност“, објави тогаш Тамара на Инстаграм.

Потсетуваме, Тамара на почетокот од летото ги изненади сите кога по седум години брак одлучи да стави крај на љубовната приказна со поранешниот кошаркар Александар Димитровски – Мачка.

Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска

Ова вест ги шокираше сите, иако веќе некое време се шпекулираше дека нивната врска е на стаклени нозе.

Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска

Пејачката оваа вест ја сподели со јавноста откако ја промовираше својата нова песна „Нијагара“ во која е опишана последната година од бракот и сите драми низ кои што поминувала.

Како што самата Тамара изјави тогаш, таа и Мачка официјално се уште се во брак, но повеќе не живеат заедно.

Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска

Пејачката тогаш напомена дека имаат одличен однос со сопругот, и дека сега се сложуваат дури и подобро отколку кога биле во брак.

Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска

Според неа, тоа е исправна одлука и најдобрата работа што можеле да ја направат еден за друг, но и за нивните две деца.

Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска

Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска

Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска

Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button