Тамара објави ретро фотографија и ги разнежни фановите – еве како изгледале нејзините мајка и татко во младоста (фото)
Популарната пејачка покажа како изгледале нејзините родители во младоста.
Таа важи за една од најпопуларните поп-пејачки во земјава која својата кариера ја гради од мали нозе, а често споделува и приватни фотографии и видеа.
Тамара Тодевска не крие дека семејството и е најважно, па речиси и да нема ден без да сподели по некоја фотографија од нејзиното семејство.
Најчесто тоа се фотографии од нејзините преслатки деца Хана и Дарен кои секој ден ја радуваат мама Тамара или нејзината сестра Тијана Дапчевиќ со која имаат силна врска иако живеат далеку една од друга.
Сепак овојпат Тамара објави ретро фотографија од нејзините родители, односно покажа како изгледале во младоста.
Нејзината мајка Брана која инаку е поранешна оперска пејачка, во прегратки на нејзиниот сопруг Велко професорот по контрабас.
Во краткиот опис на фотографијата, Тамара напишала: „Моите мајка и татко“ и додаде срциња.
Нема сомнеж дека Тамара и Тијана ја наследиле својата убавина од мама Брана која во младоста, но и сега изгледа неверојатно.
Инаку родителите на Тамара се разведени, но во едно интревју за „Женски магазин“ сестрите отворено зборуваа за разводот на родителите и како сето тоа влијаело на нив.
„Разводот на родителите не обележа“ велат двете познати пејачки.
Тие открија дека и по разводот нивните родители останале добри пријатели, па на семејните веселби и прослави често се присутни мајката на Тамара и на Тијана и таткото, со неговата втора сопруга.