Тамара искрено за разводот и за АГОНИЈАТА низ која што поминувала пред да го напушти сопругот (видео)
Пејачката повеќе не живее со својот сопруг, но заради децата решиле да останат во одличен однос заради
И покрај тешкиот период низ кој што поминала, таа вели дека сепак, ништо не би менувала…
По седум години брак Тамара Тодевска и поранешниот кошаркар Александар Димитровски решија да се разделат.
Пејачката ретко зборува за својот приватен живот, но овој пат таа за Гранд магазин отворено зборуваше.
Таа зборуваше и за својата нова песна „Нијагара“ и за нејзината порака во неа, која ја има напишано во голема тага.
„Од некој бес излегоа тие зборови од мене, и додека пишував се ми се враќаше, сето она што ми се случуваше во претходниот период“ откри Тодевска пред камерите, а потоа го додаде и следново:
„Решив да го направам првиот чекор и да излезам од тој кафез и да им кажам на луѓето дека тоа е лесно, ако тоа навистина го сакаш. Тоа е за сите што имале проблем со говор на омраза, за сите кои некогаш биле разочарани, погрешно етикетирани, биле во безизлезна ситуација“.
Таа вели дека се уште е во брак со Александар, но и дека повеќе не живеат заедно. Открива дека се уште се во супер однос, посебно заради децата и дека сега се подобро се согласуваат отколку кога биле во брак. „Тоа е супер работа што ја направивме еден за друг“, вели таа.
„Постои излез за се, само треба да се верува. Јас не излегов сама од тоа, тука се пријателите, родителите, психолозите, не се срамам од тоа. Најважно од сé е што јас излегов од тој кафез“, вели Тамара во своето гостување и заклучува дека ништо не би менувала во животот.
Таа откри и дека работи на својата нова песна Торнадо, но и дека би сакала да направи свој концерт во Белград.
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
Фото: Инстаграм/
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска