ТАМАРА ГЛОБА – Eден знак од Зодијакот летово ќе блеска од среќа
Астрологот Тамара Глоба открива кој знак ќе биде миленик на среќата од месец мај!
Астрологот Тамара Глоба открива кој знак ќе биде миленик на среќата од месец мај!

Астрологот Тамара Глоба истакна дека во текот на летото 2023 година, среќата ќе го придружува Овенот. Претставниците на овој хороскопски знак ќе се снајдат добро во која било област од животот.

Како што велат, што и да допрат и да почнат, ќе успеат. “Јупитер, ѕвездата на кралевите, влезе во знакот Овен. Оваа година ќе биде период на успех, раст во работата, нови можности и проекти”, изјави Глоба.
Според неа, Овенот ќе си го подобри личниот живот кон крајот на мај. Ќе ја најдат долгоочекуваната љубов за која сонувале. Од друга страна, Глоба ги предупреди Девиците да не фрлаат пари, особено кон крајот на пролетта. Според експертите, деновиве треба поекономично да ги менаџираат финансиите, а не да ги фрлаат каде што не треба.

„Тешкотиите се поврзани со трошоците, па што и да заработите ќе потрошите веднаш. Немојте многу да го користите паричникот кон крајот на пролетта“, вели Тамара. Покрај тоа, претставниците на овој хороскопски знак треба да направат пауза.

Астрологот препорачува да се оди на одмор, пред вредните Девици да почнат да имаат здравствени проблеми.




