Реклама
Наши ѕвезди

Тажните објави на сестрата на Даки ќе ја расплачат Македонија – многу жално и многу болно!

Смртта на Даки ги потресе сите, посебно што речиси никој не знаеше дека се соочува со тешка болест

Реклама

Болката е преголема, не поминува!

Поминаа скоро девет месеци од ненадејната смрт на познатиот македонски пејач и композитор Далибор Даки Ѓошиќ.

Далибор имаше 41 година и зад себе остави малолетно дете, а неговото ненадејно заминување беше шок за многумина.

Маркетинг

Тој ќе остане запаметен по неговите бројни песни, но и како колега кој беше сакан од сите и голем другар, секогаш спремен да помогне секому.

Маркетинг
Принтскрин/ Јутјуб

Впрочем за тоа зборува и една од неговите последни објави на социјалните мрежи, која се уште стои на неговиот профил на Фејсбук, а во која Далибор апелираше до своите пријатели и колеги да му се излезе во пресрет на едно лице кое во пожар ја изгубило куќата (види тука), а кое побарало од него да му помогне.

„Можете да ме исконтактирате и мене во инбокс. Јас деновиве одам кај него во Св. Николе да помогнам“, апелираше тогаш Далибор на Фејсбук.

Фејсбук/ Далибор Ѓошиќ

Инаку, Далибор долги години работеше во Танец, каде беше еден од омилените колеги, но и еден од најдобрите вокалисти.

Неговата прерана смрт ги потресе сите, посебно што никој не знаеше дека е болен. Неговото заминување остави длабока празнина и во македонската култура, посебно во музиката, бидејќи тој беше и автор на бројни убави песни со народен дух.

Сепак, најтешко им е на најблиските, за кои болката нема никогаш да помине, за што сведочи и сестрата на Далибор, Ива Ѓошиќ.

Фејсбук/ Ива Ѓошиќ

Речиси нема ден да помине, а Ива кој исто така е дел од екипата на Танец, да не се потсети на својот брат кој прерано не напушти.

Фејсбук/ Ива Ѓошиќ

На нејзиниот профил стои нивна заедничка слика, а Ива пред само неколку часови сподели и едно гостување на својот брат.

Станува збор за снимка од МРТВ кога Далибор ја промовираше својата песна Мелница која што ја испеа за сите Мелничани.

Покрај оваа снимка, таа деновиве сподели и неколку фотографии од Танец од концертот за Духовден кој се емитуваше на Телма, а беше во чест и сеќавање на сите поранешни знаменити играорци, песнопојци и свирачи, кои го посветија животот на Ансамблот.

Ива претходно сподели и еден цитат со кој ги растажи своите фанови, откривајќи колку се уште и фали Далибор, а речиси и да нема ден да помине, а да не објави заедничка фотографија или некоја песна од него.

Фејсбук/ Ива Ѓошиќ

„Многу жално и многу болно. Славејот ни пее, а мене душата ме боли. Почивај во мир ангелу незаборавен“, пишува во еден од коментарите под овие објави на профилот Ива на социјалните мрежи…

Кој беше Далибор и повеќе за неговите песни прочитајте тука

Бонус видео

Зоран Џорлев и Далибор Ѓошиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button