Тажната приказна на фолк-пејачката од Струмица која ги изгуби ќерката и сопругот
Тажната судбина на фолк пејачката Благица Калева
Фолк пејачката Благица Калева од Струмица пред 15-на години во тешка сообраќајна несреќа ја изгуби осумгодишната ќерка Викторија и сопругот Костадин. Но таа успеа да собере сила и повторно да застане на сцената, а минатата година со песната „Горда мајка“ посветена на нејзината ќерка Марија победи на фестивалот „Фолк Фест Валандово“.
Во прашање е емотивна балада инспирирана од нејзиниот живот со која ги освои симпатиите на публиката.
„Вечерва имам голема одговорност, бидејќи пеам толку емотивна нумера што нема ниту јас, ниту тие што ќе ја слушнат да останат рамнодушни. Пеам за мојата ќерка. Таа е мојот живот, мојата светлина во животот. За неа живеам и се борам. Редно беше и нејзе да ѝ посветам песна од мојата ризница. Ова е уште една чувствителна композиција поврзана со мојот живот – изјави Калева пред нејзиниот настап на овој познат македонски фестивал.
Инаку Благица како минатогодишен победник оваа година ќе ја отвори ревијалната вечер на фестивалот која ќе се одржи на 30 мај во Валандово, а водители ќе бидат познатите Ѓорѓи Калајџиев и Ирена Спировска.