Познатата турска актерка Хазал Торезан нашата публика ја памти по улогата на Асли во серијата „Љубов и пари“ како и по лошата и завидливата црвенокоса Јасемин од „Ќерките на Фазилет“.
Хазал е родена на 20 јули 1985 година во Анкара, каде и ќе заврши факултет за глума, но и за јазик, историја и географија.
Таа на малите екрани дебатираше во 2008 година, а најголем успех ќе постигне со ликот Јасемин во серијата „Ќерките на Фазилет“.
Таа тогаш ќе привлече внимание со својот злобен и суров лик, иако во приватниот живот е со потполно спротивен карактер.
Впрочем тоа може да се заклучи и од она што и се случи на актерката, а за кое пишуваа турските медиуми.
Наводно по смртта на нејзиниот татко лажен банкар успеал да ја измами за 100.000 лири тврдејќи дека нејзиниот покоен татко останал должен за осигурување. Хазал по состанокот со измамникот отишла во банка и подигнала пари по што ги уплатила на сметката што и била дадена.
По некое време, актерката сфатила дека е измамена и поднела кривична пријава во обвинителството против измамникот.
Како што самата изјави во една пригода, Хазал својот татко го изгубила во 2013 година. Тој имал карцином на белите дробови, а по само две години, односно во 2015, актерката го изгубила и својот брат.
Овие години биле посебно тешки за актерката на која семејството отсекогаш било нејзиното безбедно пристаниште.
Таа во 2016 ќе ја добие улогата на Јасемин и по оваа улога таа ќе стане една од најбараните актерки во Турција.
Но за разлика од нејзината долга црвена коса со која што беше препознатлива во серијата, таа денес има кратка руса фризура, која мораме да признаеме одлично и стои.
Турчинката денес изгледа подобро од кога било досега, а за тоа зборуваат и коментарите што постојано ги добива на Инстаграм.
Имено, таа денес под секоја фотографија на оваа социјална мрежа добива комплименти дека никогаш не изгледала подобро.
Како Хазал изгледаше во серијата, но и како изгледа денес, погледнете од галеријата во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Хазал Торезан
Фото: Инстаграм/ Хазал Торезан
Фото: Инстаграм/ Хазал Торезан
Фото: Инстаграм/ Хазал Торезан
Фото: Инстаграм/ Хазал Торезан
Фото: Инстаграм/ Хазал Торезан
Фото: Инстаграм/ Хазал Торезан
Фото: Инстаграм/ Хазал Торезан