Вести

ТАЖНА ИСПОВЕСТ НА ЕДЕН ГАСТРАЈБАТЕР OД БОЛНИЧКА ПОСТЕЛА – „Сето ОВА ми го кажа мајка ми“

Advertisement

Камионџија по потекло од Босна и Херцеговина, кој завршил во американска болница низ солзи открил дека пријателите го заборавиле кога му се слошило.

Зијо Хаџиќ (37) вели дека додека возел низ Јужна Каролина, одеднаш почнал да кашла крв и дека како одминувало времето станувало сè потешко да дише.

Advertisement

-Болките стануваа се посилни и посилни. Морав да застанам и да се јавам на 911. Ме однесоа во болница и открија дека имам пневмонија.

Таму ми дадоа апчиња и се вратив во камионот – вели гастарбајтерот на почетокот на видеото од болницата и додава дека тие апчиња направиле да се чувствува малку подобро.

Advertisement

Меѓутоа, неколку дена подоцна, неговата состојба повторно се влошила, а апчињата повеќе не помагале. Тој отишол во локална болница каде што му наплатиле 100 долари за преглед бидејќи немал осигурување.

фото пекселс

– Испраќаат сметка за над 100 долари. Подоцна дознав дека работат само за 100 долари. Доволни им се 100 долари за пет минути – рекол камионџијата и објаснил дека докторот брзо му ги проверил белите дробови и му дал уште едно апче.

Тој додава дека неговата состојба за кратко време се подобрила, но дека по неколку дена болката се проширила на левата страна на белите дробови.

фото пекселс

На крајот завршил во собата за итни случаи каде го испратиле на снимање и му ги испрале белите дробови.

Зијо се уште е во болница. Утврдено е дека има тешка форма на пневмонија.

– Овде сум сам! Брат ми утрово отиде на работа, доаѓаше семејството, доаѓаа роднините. Поентата е што ја немам јарана. Никој. Сите се таму во околинава по барови и ќебапи.

фото пекселс

Јас немам ниеден пријател. И толку години пиев со нив, пиев кафе, се дружев, трошев пари, талкав, и тоа ниту еден. Кога сте здрави и кога ги имате сите се таму. Се заедно. Можете потоа да излезете, да пиете, да трошите… Воопшто не е проблем.

Но мајка ми го кажа сето тоа. Цело ова време, а не и дадов право, каква мајка, тоа се моите браќа, немаше да ме остават, крв ќе ми дадоа ако требаше…

Ама овде не ми треба крв, само треба да дојдат да ме посетат… Што се јавуваш, од овде можам да ти ја видам куќата, но не можеш да дојдеш.

Нека другари… Нека. Тоа го дознав малку доцна – низ солзи раскажува Зијо.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button