Реклама
Вирално

Тажна вест: Пронајдено е телото на Вања – убиена е во околината на Скопје, истиот ден кога исчезна

Безживотното тело на малолетното девојче било пронајдено во близина на Скопје

Реклама

На официјалната страница на Обвинителството објавен е соопштение во кое се вели дека по преземени опсежни мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје, денеска (03.12.2023) во околината на Скопје е пронајдено безживотното тело на малолетната В.Ѓ., која беше пријавена за исчезната на 27.11.2023, а во околината на Велес е пронајдено и телото на П.Ж.(74) од Велес, кој на 24.11.2023 беше пријавен за исчезнат.

Во врска со двата случаи, осомничени се пет лица, од кои за три се бара мерка притвор, додека едно е надвор од државата, а едно лице во моментов е во полициска станица, пишува во соопштението..
Во соопштението е наведено дека претходно, во врска со кривичните дела беше пронајдено опожарено возило „цитроен“ и по извршени вештачења се обезбедени материјални докази за инволвираност на лицата, за што по целосно документирање на случаите, во координација со Јавен обвинител ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Од спроведените истражни дејствија утврдено е дека и двете убиства се извршени од истите лица, чиј мотив е „користољубие“.

Маркетинг

Исто така, од реализираните оперативни мерки е утврдено дека малолетничката В.Ѓ. е земена со возило од влезот на живеалиштето, а од обезбедените информации од распитот утврдено е дека била убиена истиот ден (27.11.2023), само неколку часа по киднапирањето, односно околу 10.00 часот.

Веднаш по добивањето на пријавите за исчезнатите лица, преземени се мерки и активности за нивно пронаоѓање, а во СВР Скопје беше формиран и посебен Оперативен штаб, на чело со началникот на СВР Скопје.

Маркетинг

Како што се вели понатаму во соопштението извршени се претреси во домови и други простории на подрачјата на СВР Скопје, СВР Велес и СВР Штип, при што пронајдени и одземени се мобилни телефони, компјутери, возило и др., извршени се бројни разговори со семејствата, познаниците, пријателите и лица кои би можеле да имаат било каква информација, а во истражните дејства секојдневно беа вклучени неколку стотини полициски службеници кои работеа исклучиво на овие случаи.

Увид на двете локации каде беа пронајдени телата на исчезнатите денеска извршија јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје и од Основното јавно обвинителство Велес.

Издадени се наредби за обдукции на телата на жртвите и за соодветна идентификација. Исто така, издадени се наредби за прибирање и вештачење на сите траги и докази од двете локации.

Во деновите по исчезнувањето на двете лица, јавните обвинители издадоа наредби за претреси на повеќе локации, обезбедување снимки од видео надзор, лоцирање врз основа на базни станици, анализа и вештачења на електронските уреди, вештачења на материјални траги и докази, вклучително и автомобилот поврзани со настанот. Во соопштението што го објави Обвинителството се вели и дека се сослушани лица кои би можеле да имаат определени сознанија за настанот и врз основа на сите прибрани докази настанот е расчистен во однос на осомничените сторители и нивните мотиви.

По комплетирање на доказите и наредените вештачења, обвинителството против сите осомничени ќе поведе соодветна постапка.

Воедно, наспроти шпекулациите и дезинформациите според кои овој случај има етничка заднина, информираме дека сите осомничени се од македонска етничка припадност, пишува во соопштението.

Потсетуваме, 14-годишната Вања Ѓорчевска исчезна во понеделникот во раните утрински часови на патот кон училиштето „Пестолоци“, и тоа во еден од најфреквентните делови на градот.

Исчезнувањето најпрво го пријавила нејзината мајка, на телефонскиот број 112, а по неколку часа тоа го направил и таткото, но во полициска станица, по што полицијата почна интензивно со потрагата.
Мајката на Вања за исчезнувањето на својата ќерка објави и на Фејсбук, а во објавата апелираше да не се шират шпекулации.

Случајот ја вознемири целокупната македонска јавност, но и ги крена целиот Балкан на нозе. По девојчето беше распишана и потерница од Интерпол за исчезнати лица, а покрај полицијата во потрагата по девојчето се вклучија и бројни граѓани и другари од училиштето во кое што учеше. Тие цело време споделуваа објави на социјалните мрежи и лепеа плакати со нејзини фотографии во населбата во која што живееше, сé со цел да се дојде до било каква информација што ќе допринесе во пронаоѓање на исчезнатото малолетно девојче.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button