Реклама
Вести

Тажна вест: Почина познатиот македонски професор

Реклама

Од Универзитетот Гоце Делчев во Штип соопштија дека починал професорот Војо Беловски.

–Со голема тага ја споделуваме веста за смртта на нашиот драг колега и професор, д-р Војо Беловски. Професорот Беловски беше почитуван член на академската заедница. Со својата посветеност и страст кон правото, професорот инспирираше многу генерации студенти и остави значаен белег во правното образование.

Истражувањето и трудовите во областа на трудовото право и работните односи, како и неговата заложба за квалитетно образование, ќе останат засекогаш запаметени. Неговото влијание врз студентите, колегите и пошироката заедница е непроценливо.

Маркетинг

Беловски е роден на 04.04.1955 г. во с. Владимирово-Беровско. Има завршено високо образование на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј“- Правен факултет, Скопје, Република Македонија и се стекнува со диплома дипломиран правник.

Завршени магистерски студии на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј – Институт за социолошки и правно- политички истражувања, Скопје, на тема „Менаџментот во акционерските друштва и во 1996 година се стекнува со диплома магистер по кадровски менаџмент. Има завршен осми научен степен на образование на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј“ – Институт за социолошки и правно-политички истражувања, Скопје, Република Македонија, каде, во 2000 година, се стекнува со диплома Доктор на правни науки – докторска дисертација на тема: Менаџментот во трговските друштва на капиталот.

Маркетинг

Во 2007 година го има положено стручен испит за застапници при Државниот завод за индустриска сопственост на Р. М и се стекнав со право на застапник на странски компании за заштита на правата од индустриска сопственост.

Од 1981-1988 бил на повеќе раководни функции, посебно како Раководител на служба за нормативни кадри и општи работи во ЗОИЛ -Македонија, Скопје (QBE – Македонија).

Во 2008 година е избран за наставник – доцент на Првиот приватен универзитет „Европскиот универзитет“ – Скопје.

Во 2008 година е избран за доцент на Правниот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, по предметот Трудово право. Во 2010 година започнува да ја извршува функцијата продекан за настава на Правниот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип. Во 2013 година е избран за вонреден професор при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, на Правниот факултет. Се пензионира како редовен професор на истит факултет.

На парламентарните избори во 2020 година веше Кандидат и Носител на изборна листа на пратеници за ИЕ 3 на партијата Македонски концепт.

Изразуваме најдлабоко сочувство до семејството, пријателите и колегите. Нека почива во мир, ќе остане вечно запаметен. Слава му!

Погребот ќе се одржи утре, на 27.10.2024 година во неговото родно место од 13 часот, соопштија од УГД.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button