Тажна вест – почина и девојчето што беше рането во главата. Последна жртва на убиецот кој учеше со неа
Девојчето беше примено во болницата со тешка простелна рана, докторите не можеа да ја спасат
Несреќното девојче почина во болницата
Малото девојче А.А. кое во масакрот во Основното училиште „Владислав Рибникар“ се здоби со тешки повреди почина по 12 дена борба за живот. Овие информации ги соопшти министерството за здравство во Република Србија истакнувајќи дека и покрај сите преземени мерки од страна на докторите девојчето им подлегнало на повредите.
Девојчето е 10-тата жртва на малолетниот убиец кој на 3 мај во споменатото училиште уби девет ученици и чуварот.
Претходно, како што пренесуваа медиумите, на девојчето и била извршена операција бидејќи имала тешка повреда на мозокот.
Наводно за време на операцијата и веднаш по неа примила пет кеси со крв, но нејзината состојба цело време била критична.
Потсетуваме, во масакрот што се случи на 3 мај во Основното училиште „Владислав Рибникар“ беа убиени осум ученици и работник на обезбедувањето, додека шест ученици и учителка по историја беа ранети.
Една од нив беше и 14-годишната А.А. која денес им подлегна на повредите здобиени во масакрот во училиштето.
За масакрот одговорен е Коста К. (13), а уапсен е и неговиот татко кој бил сопственик на оружјето со кое беше извршено ова злосторство.