Таа му е најголема љубов, покрај неа е најсреќен – македонскиот пејач ужива со саканата на одмор
Покрај нив го наоѓа својот мир и спокој.
Јоце на заслужен одмор со саканата и синот.
Македонскиот пејач Јоце Панов цело лето работеше со полна пареа, па сега си дозволи одмор заедно со семејството.
ФОТО: Инстаграм / Јоце Панов
Во текот на својата криера имал многу соработки со ѕвездите од регионот, како и успешни концерти и настапи надвор од нашите граници.
На сцена е темпераментен и неповторлив, а дома посветен кон саканите.
ФОТО: Инстаграм / Јоце Панов
Со децении е заедно со својата сакана, но и понатаму се вљубени како првиот ден.
И покрај тоа што прироата на негова професија е таква што постојано е во контакт со убави и згодни жени, сепак клучот на неговото срце го има само една.
ФОТО: Инстаграм / Јоце Панов
После 10 години во врска, во 2018 година Јоце заплови во брачните води со својата Марина.
Марина е вистинска убавица, но воопшто не сака да се експонира во јавност.
Таа му е најголема поддршка на Јоце, а плод на нивната љубов е нивниот син Лука.
ФОТО: Инстаграм / Јоце Панов
Времето поминато заедно со семејството за Јоце е најдрагоцено.
Токму затоа и покрај многуте работни обврски одлучи да одвои неколку денови за одмор со Марина и Лука.
На својот Инстаграм профил тој сподели и фотографии од нивното уживање.