Таа е неговата потпора во животот – запознајте ја сопругата на Симон Трпчески, неговата голема љубов уште од средно (фото)
![](/wp-content/uploads/2021/01/simon38.jpg)
Тој веќе долги години е во брак со Даниела со која има ќерка и машки близначиња, на кои е многу горд.
![](/wp-content/uploads/2021/01/simon1.jpg)
Нашиот познат виртуоз и пијанист Симон Трпчески има поминато низ трнлив пат за да стигне онаму каде што е сега во животот, а низ најтешките моменти поминувале заедно држејќи се за рацете со својата сопруга Даниела која е вистинска убавица. Тој веќе 12 години е во брак со неа, се запознале во средно училиште и десет години беа во врска пред да се заколнат на вечна љубов.
Тие стапија во брак во 2008 година и денес ја имаат ќерката Лара и машките близнаци Андреј и Стефан, на кои и двајцата се многу горди.
Неговата избраничка ретко се експонира, освен на неколку заеднички фотографии на социјалните мрежи.
![](/wp-content/uploads/2021/01/simon2.jpg)
„Даниела ме привлече со убавината, оти фала му на Бога, поубава е од мене, ама и со праведноста“, изјави Симон пред неколку месеци во интервју за Репортер. Неговата поубава половина е психолог по професија, и како што вели во шега Трпчески, секојдневно го анализира.
![](/wp-content/uploads/2021/01/simon11.jpg)
Симон има брат и сестра и како мал заедно со родителите и баба му живееле во стан од 50 метри квадрати.
Тој во врска со тоа во една пригода ќе изјави:
„Јас пораснав во едно многу скромно семејство, со петчлена фамилија и баба ми дури живееше со нас, во 56 квадратен стан. Во едни такви услови многумина од Запад не би можеле ниту да замислат да креираат сериозна музика, а не пак нешто друго… Така што, мојот пат не беше ни малку лесен до ова денеска, што вие го искусивте во Бајројт“ вели Симон.
![](/wp-content/uploads/2021/01/simon13.jpg)
Неговите настапи денес најпознатите светски сали се преполни, а свири со најдобрите диригенти и оркестри.
За него англискиот Тајмс ќе каже дека е „абнормално нормален пијанист“, а на еден настан ќе се запознае лично со принцот Чарлс.
![](/wp-content/uploads/2021/01/simon7.jpg)
Но како што самиот вели, ништо во животот не би можел ако ја немал поддршката од своите најблиски.
![](/wp-content/uploads/2021/01/simon12.jpg)
„Мојот успех е успех на моето семејство“, изјави во една пригода Трпчевски во неговото интервју за Независен весник.
Во продолжение погледнете уште неколку фотографии од Симон, но и од неговата поубава половина.
Фото: Фејсбук/ Симон Трпчески
Фото: Фејсбук/ Даниела Трпческа
Фото: Фејсбук/ Симон Трпчески
Фото: Фејсбук/ Симон Трпчески
Фото: Фејсбук/ Даниела Трпческа
Фото: Фејсбук/ Симон Трпчески
Фото: Фејсбук/ Симон Трпчески
Фото: Фејсбук/ Симон Трпчески
Фото: Фејсбук/ Даниела Трпческа
Фото: Фејсбук/ Симон Трпчески
Фото: Фејсбук/ Симон Трпчески
Фото: Фејсбук/ Симон Трпчески
Фото: Фејсбук/ Симон Трпчески
Фото: Фејсбук/ Симон Трпчески
Фото: Фејсбук/ Симон Трпчески
Фото: Фејсбук/ Симон Трпчески
Фото: Фејсбук/ Симон Трпчески
Фото: Фејсбук/ Симон Трпчески
Фото: Фејсбук/ Симон Трпчески
Фото: Фејсбук/ Симон Трпчески
Фото: Фејсбук/ Симон Трпчески
Фото: Фејсбук/ Симон Трпчески
Фото: Фејсбук/ Симон Трпчески
Фото: Фејсбук/ Симон Трпчески
Фото: Фејсбук/ Симон Трпчески
Фото: Фејсбук/ Симон Трпчески
Фото: Фејсбук/ Симон Трпчески
![](/wp-content/uploads/2021/01/simon29.jpg)