Таа е НАЈЗГОДНАТА БАБА на светот: Посреќна од било кога славната актерка позираше со својата внука
Славната актерка Деми Мур изгледа како девојка додека позираше со својата најмала внука за Денот на мајките.
60-годишната актерка која глумеше главна улога во „Непристоен предлог“ облечена во дводелен костим за капење, ја држеше својата внука во раце покрај базенот.
Ќерката на ѕвездата, Румер Вилис (34), која Деми ја доби во бракот со актерот Брус Вилис, минатиот месец на 18 април роди девојче по име Луета, со момчето Дерек Ричард Томас.
На црно-белата фотографија Деми изгледа пресреќно додека заштитнички во прегратка го држи бебето и ужива во заеднички поминатото време.
Деми сподели и уште една црно-бела фотографија со нејзината ќерка кога била бебе.
Последната фотографија што ја сподели е онаа направена додека била бремена.
Мур ги има и ќерките Скаут (31) и Талула (29) со пензионираниот актер Брус, кој се бори со деменција.
Брус и Деми беа во брак од 197 година до 2000, а Брус во 2009 година се ожени со неговата сегашна сопруга Ема Хеминг со која ги има 11-годишната Мејбел и 8-годишната Евелин.
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин