Интервју

Таа е мојата поддршка, заедно се радуваме, заедно премостуваме сé – вели Миле Кузмановски за сопругата Јасмина

Искрено за Гламур со пеачот Миле Кузмановски

Реклама
Реклама

Миле Кузмановски има настапувано на речиси сите фестивали во Македонија, а има направено концерти низ целиот свет.

Познат е по баладите ,,Не кани ме” и ,,Крал без круна. Има одржано многу солистички концерти и има издадено 5 албуми со негови авторски песни.

„Од многу мал имав чувство за ритам, слух се почна од моето основно образование, бев активен во училишниот хор и потоа во војска продолжив со ангажман во воениот оркестар. А понатаму едноставно тргнав по прав пат, со голема упорност. Градењето на мојата кариера е долг процес, голем влог – личен, многу работа, упорност. Се беше во едни поинакви времиња – беше предизвик имаше критериуми- вели за Гламур пеачот Миле Кузмановски.

Маркетинг

Целото интервју со него прочитајте го во продолжение…

 

Маркетинг
Приватна архива

Повеќе од 30 години сте на македонската музичка сцена, испеавте многу хитови настапи на сите фестивали, многу солистички концерти. Од оваа дистанца како гледате на се она што постигнавте а постигнавте многу?

Градењето на мојата кариера е долг процес, голем влог – личен, многу работа, упорност. Се беше во едни поинакви времиња – беше предизвик имаше критериуми. Кога би требало да бирам повторно професија, тогаш би го избрал истото – ова што сум денес.

Како започна се, како започна музичката приказна на Миле?

Од многу мал имав чувство за ритам, слух се почна од моето основно образование, бев активен во училишниот хор и потоа во војска продолжив со ангажман во воениот оркестар. А понатаму едноставно тргнав по прав пат, со голема упорност влегов во овие води.

Приватна архива

Дали ,,Не кани ме“ ја одбележа Вашата кариера и е најбарана песна на веселбите?

Секако дека ,,Не кани ме“ е моето обележје, се случи и стана би рекол безвременски хит. На секој мој настап мојата публика ја пее заедно со мене во еден глас „Не кани ме“.

Дали нашите музички уметници се доволно ценети кај нас, и што треба да се направи за да се сменат работите?

На ова поле треба да се направи многу, треба да се средат многу работи за да ние уметниците го добиеме соодветното место под Сонцето

Бидејќи гласот е дар од бога и треба посебно да се внимава, како се грижите за гласот после многу настапи и свирки, имате ли посебно некој ритуал?

Вообичаено по настапи одмарам, најчесто го штедам гласот не зборувам. Следниот ден сум веќе како нов

Имате три ќерки, двете се насочија во медицината. Помалата дали покажува талент за музика и што значи да се биде горд родител?

Ева е дефинитивно нашето милениче, таа има некоја своја аура која не спојува сите нас, сака музика како и секое дете.

Во последно време е голем фан на Пајак, а дали ќе ме наследи како пеачка ќе покаже времето. На големите ќерки сум горд затоа што мојот труд и влог во нив за сега се исплати. Тие се вредни и скромни девојки и веќе го фаќаат својот пат.

Со сопругата Јасмина имате прекрасен брак, колку Ви е таа поддршка во ова што го работите и што е најважно во еден брак за да биде успешен?

Почит, разбирање, поддршка и љубов е клучот на успешна врска, брак. Таа е мојата поддршка, заедно се радуваме, заедно премостуваме се.

Приватна архива

Со што Ве освои Јасмина?

Таа е жена која плени со позитивна енергија, знае како да мотивира, а воедно сето тоа да го прави на скромен, свој начин.

Покрај музиката има ли нешто што е во Ваш интерес, што правите кога имате слободно време?

Во слободното време најчесто сум со семејството и пријателите, а сакаме и често да шетаме и патуваме

Приватна архива

Последнава година сте дел од проектот, ,,Македонијо во срце те носиме,,, какви импресии имате од настапите ширум земјава и мислам дека бевте и надвор, и колку се потребни вакви проекти кај нас за промоција на македонската музика?

Проектот се случи во вистинско време, ни требаше кревање на патриотскиот дух а особено сум среќен што младите и децата ги научија нашите песни. Сметам дека секој треба во својот домен да твори и да го пренесува своето најдобро на публиката.

Потребни се многу различни проекти од ваков тип но и нова музика која пак ќе го одбележи и ова време.

Што Ве прави среќен а што ви пречи во денешно време?

Вештачките развојни моменти ми пречат, сите сме опседнати со технологија, јас сепак ја сакам емоцијата таа не може да биде вештачка

Што можеме да очекуваме во скоро време од Вас?

Конечно влегувам во студио и се посветувам на моите нови песни некои се веќе подготвени за снимање.

А сега се прават плановите за следната година, за сега агендата е амбициозна но кога ќе биде крајна тогаш ќе споделам повеќе.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button