Неколку интересни модели што совршено ќе се вклопат во празничните комбинации
Веќе длабоко газиме во декември и полека ни се ближи периодот на забави, вечерни лудории, приеми … Полека се приближуваме и до новогодишната ноќ, а за сите овие прилики треба да најдеме и соодветни парчиња облека. Фустани во сите нијанси на зелена, а особено на многу омилената смарагдно зелена, совршено ќе се вклопат во овој период на „фешти“. Во зависност од ефектот што сакате да го постигнете, можете да го комбинирате зелениот со црни детали и чевли за дополнителна елеганција, а ако сакате да го „подигнете” целото издание, слободно можете да изберете црвени чевли, чанти или накит. Ние избравме неколку убави модели, од кадифени до оние посипани со светки, кои можете да ги видите во галеријата што ви е дадена во продолжение…
ASOS
ASOS
ASOS
Bershka
H&M
Mango
Topshop
Zara
Zara
Zara