Сјајот во очите нема да можат никогаш да го сокријат – Игор и Илина ЗАЉУБЕНИ како и првиот ден, кога прв пат се гушнале
Илина Арсова објави неколку заеднички фотографии со Игор Џамбазов, а пораката што ја пиша, ги воодушеви сите.
Откако ја започнаа својата љубовна приказна, Игор Џамбазов и Илина Арсова речиси се неразделни. Тоа може да се забележи и од социјалните мрежи каде и двајцата не ретко објавуваат заеднички фотографии, а на кои се гледа колку се среќни и како уживаат во љубовта.
Илина деновиве објави неколку такви фотографии на својот профил, а во коментарите напиша цитат од Далеј Лама и побара од нивните заеднички пријатели и обожаватели и тие да коментираат што значи за нив љубовта.
Еве што напиша таа:
„Љубовта е отсуство на пресуда, кажа Далај Лама. Која е твојата дефиниција за љубовта? Напишете ги своите мисли тука и ајде да го бомбардираме #инста со љубов“, напиша Илина во коментарите на фотографиите на кои и двајцата го имаат тој посебен и топол сјај во очите.
„Кога срцето сака, очите зборуваат“, Љубовта е нешто најубаво што Бог го испратил на земјата“, „Тие што ја имаат љубовта, го имаат цел свет во свои раце“, беа само некои од коментарите на нивните фанови.
Во продолжение погледнете уште некои од нивните убави заеднички спомени што најмногу ни го привлекоа вниманието.
Кога се заедно, секогаш зрачат со љубов, бидејќи секогаш се гледаат со поглед полн со емоции како и првиот ден.
Токму затоа и секогаш добиваат бројни лајкови но и прекрасни коментари под секоја од нивните фотографии.
Па, доколку и вие имате дефиниција за љубовта, инспирирани од нивната приказна, пишете им и вие на Инстаграм.
Инаку, Игор, по разводот од неговата поранешна сопруга, во една пригода, за жените ќе изјави:
„Ги сакам жените, ама не можам да ги трпам повеќе од два часа“, беше искрен познатиот актер тогаш. Но очигледно дека тоа правило повеќе не важи откако ја сретна убавата алпинистка Илина Арсова.
Тие наскоро треба да прослават две години од нивната врска, а минатата година, на нивната годишнина, Игор го напиша следново на неговиот Инстаграм:
„Лани, на овој ден, после две недели дружење и запознавање, ме врати со колата до Сретеново, ја изгаси машината, се заврте кон мене и ми кажа: „А бе ти, имаш намера да ме гушнеш некогаш?“ Излеговме од „Ланусот“ и … ја гушнав. Гушката сè уште трае …“ беше искрен Игор тогаш.
Фото: Инстаграм/ Игор Џамбазов
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова