Сузана Турунџиева со моќна порака до жените: Во домот секогаш ќе има прашина и неред, нема да го вратите времето назад!
Сузана со совет до мајките, жените, сопругите...
Познатата пејачка, водителка и писателка Сузана Турунџиева важи за жена борец.
Таа е позната по својата харизма и добрина, а во последно време е доста активна и на социјалните мрежи каде секојдневно објавува по нешто.
Така во последната објава таа се обрати до сите жени кои брзаат да стигнат се, кои се трудат се да биде под конец, но на крајот забораваат на себе.
Турунџиева посвети порака до сите жени, мајки, сопруги, да не се натпреваруваат со себеси туку да уживаат во моментот…
-Драга ТИ
Ако си една од оние кои се трудат да стигнат секаде навреме, да бидат најдобри на работа, да им бидат СЕ на сите во домот, да превземат на свој грб многу работи само за да ги поштедат другите во семејството, ако сте една од оние кои непрестано се трудат да е се средено низ куќа, исчистено, да има секој ден зготвен ручек, да се децата навреме во кревет…
Разбуди се и сфати дека НЕ МОРАШ АМА БАШ СЕ! Не мораш баш се да умееш, секаде да стигнеш, СЕ да исчистиш, да средиш, па не мораш ни секој ден да зготвиш… А не мора ни децата баш секој ден да се навреме во кревет… Бидејќи децата растат, партнерите заминуваат или се презаситуваат, а на работа бараат помлади и повешти… Во домот секогаш ќе има прашина, неред, алишта за пеглање, прозорци за бришење… ама ТИ НИКОГАШ НЕМА ДА ГО ВРАТИШ НАЗАД ВРЕМЕТО во кое си се натпреварувала со себеси…
Затоа излези, прошетај, пропатувај, танцувај на дождот, радувај се на изгрејсонцето , уживај во мали лудости, смеј се до солзи и немој да се докажуваш … никому!, напиша Сузана Турунџиева на Фејсбук.