Сузана Турунџиева се присети на НАЈГОЛЕМАТА ЉУБОВ – во нејзиниот дом тој има посебно место
Болката и тага не поминуваат ниту после толку години.
Турунџиева се присети на најголемата љубов во нејзиниот живот.
Секогаш ведра и насмеана, се чини како животот на Сузана Турунџиева да ѝ минува со леснотија и без проблеми.
ФОТО: Фејсбук / Сузана Турунџиева
Добитник е на многу награди за своите таленти.
Таа е жена која буквално за сѐ ја бидува.
ФОТО: Фејсбук / Сузана Турунџиева
Освен што прекрасно пее, одлично плови и во водителските води, пишува книги и изработув уметнички дела од камчиња.
Во своите зрели 40-ти години, отпочнува со писателска кариера, и во период од само 4 години објави 10 книги кои се многу популарни помеѓу нејзината многубројна читателска публика.
ФОТО: Фејсбук / Сузана Турунџиева
На социјалните мрежи е доста активна, а најмногу внимание привлекуваат нејзините објави поврзани со хероината од документарецот номиниран за Оскар, „Медена земја”.
Мајка е на две прекрасни ќерки, Лора и Матеа.
Лора ја доби во бракот со пливачот Александар Маленко, а Матеа во бракот со Маријан Јовановиќ, познат скопски угостител, кој пред неколку години ненајдено го изгуби животот.
ФОТО: Фејсбук / Сузана Турунџиева
Годините минуваат, но болката не стивнува.
По повод неговиот 50-ти роденден Сузе сподели емотивна објава посветена на Маријан и покажа дека неговата фотографија стои во централно место на ѕидот од нејзиниот дом.