Сузана Спасовска беше највеселата баба на свадбата на својата ќерка – погледнете како изгледаа невестата и зетот (видео)

Сузана Спасовска претходниот викенд ја омажи својата ќерка, но се уште е под емоции од преубавиот настан.

Ќерката на Сузана Спасовска, Теона, минатиот викенд се омажи за своето долгогодишно момче Виктор Велковски.
Виктор кој е музички продуцент ја запроси Теона во јануари оваа година, кога на неговата сакана и беше роденден.
Покрај убавата невеста на свадбената веселба во центарот на вниманието беше и нејзината мајка која цело време не ја тргаше насмевката од лицето, играше и пееше.

Пејачката носеше преубав црн фустан, покриен со тил зачинет со сребрени светки и со широки ракави во форма на ѕвоно, кои завршуваат со пердуви.

Во прашање е свечена тоалета која дефинитивно би и стоело убаво на секоја дама, а нашата фолк пејачка го носеше со големи, висечки обетки, децентна шминка и тренди фризура кои и се заштитен знак.

Пејачката не ја криеше радоста, па на социјалните мрежи сподели неколку интересни коментари по свадбата:
„Експлозија од емоции!!! Се трудиш да ги сокриеш ама кога ќе се помешаат и радоста и тагата заедно, тоа не се сокрива. И, си плачевме и си пеевме… Среќо мајкина, среќо мила мајкина, сега тој ќе те чува, ќе те гледа довека… Среќо мајкина среќо мила мајкина, и за скоро да ви видам куќа полна дечиња, зете чувај јааа.“ напиша Сузана и го сподели следното видео.
„Велат, веселите луѓе, а особено музиката, ја прават веселбата. Драги колеги Енерџи Бенд и драг колега Ѓоко Јовиќ, ви благодариме што го дадовте својот максимум на нашата семејна веселба за Теона и Виктор! Енергијата што ја посеавте сеуште ја чувствуваме меѓу нас и долго ќе го паметиме тој прекрасен ден и неверојатно веселата вечер. Навистина ви прилега името ЕНЕРЏИ (Енергија).Бидете распеани, насмеани и луди ко што сте, не менувајте ништо,хахаа…такви ве сакаме :) П.С.Благодарам Аце за тоа највеселата баба,хахааа.“ додаде познатата фолк пејачка на социјалните мрежи.