Сузана Гавазова пречекана како кралица во Турција – фолкерката како божица, гори во ова издание
Секоја нејзина објава е дочекање со воодушевување, но овој пат изненадувањето навистина беше големо...
Познатата македонска фолк-пејачка Сузана Гавазова деновиве отпатува во Турција каде беше пречекана како светска ѕвезда.
Имено, таа беше поканета на фестивалот „Најдоброто од Румели“ во Истанбул каде ја доби престижната награда за „Пејачка од Македонија“ или „Најдобар претставник на македонската култура во Турција“.
Пејачката кога пристигна во Турција беше пречекана со лимузина и однесена во ексклузивен хотел, а на црвениот килим се појави во издание со кое сите ги воодушеви.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Интересно беше и тоа што гавазова за оваа пригода избра креација со македонски потпис која совршено го истакна нејзиното тело.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Станува збор за долга и раскошна црна сукња и црн корсет специјално направени за неа, додека на половината носеше предолг црн ремен од сатенска лента кој досегаше до подот, а со логото на Елена Лука.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Пејачката целото издание го зачини и со преубава фризура и црвен кармин, како и со интересен накит и модни додатоци.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Гавазова во ова издание објави неколку фотографии, а може да видиме како се дружи со уште неколку познати дами.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Меѓу нив би ја истакнале популарната пејачка Сенида, но и пејачката од Македонија позната како „Биг мама“.