Сузана Гавазова направи „хаос“ пред МАКЕДОНЦИТЕ во Германија – салата преполна, гостите во транс
Пејачката напрви атмосфера што ќе се памети
Изгледаше феноменално во ефектниот металик фустан
Познатата фолк-пејачка Сузана Гавазова каде и да појави со микрофонот во рацете знае да направи атмосфера за памтење.
Впрочем така беше и на нејзиниот последен настап пред нашинците во Германија каде направи вистински џумбуш.
Пејачката ги пееше своите бројни хитови, гостите се веселеа заедно со неа, а салата беше полна до последно место.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Впрочем тоа може да се види и од снимките што завршија на социјалните мрежи, а некои од нив сподели и Гавазова.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Пејачката само еден ден претходно сподели и како изгледаше на аеродромот и со ова свое издание никого не остави рамнодушен.
Облечена во црно од глава до пети и со скапоцени модни додатоци на себе нашата позната фолк-пејачка го украде шоуто и со ова свое издание на социјалните мрежи (види тука), додека на настапот пред нашинците во Германија се појави во малку поинаква комбинација со која повторно беше во центарот на вниманието.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Облечена во тесно сребрено фустанче Гавазова даде сé од себе да ги развесели гостите, а трудот очигледно и се исплатеше.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Инаку, непосредно пред нејзиниот настап во Германија, Гавазова ни откри неколку работи што досега не сме ги знаеле.
Повеќе за ова прочитајте тука…