Реклама
Интервју

Сузана Блажевска ни ги откри тајните на својата убавината

Реклама

Гламур Интервју со Г-ѓа Сузана Блажевска,

Поразговаравме со сопственичката и менаџерката на Центар за убавина Афродита-С, Сузана Блажевска, и дознавме кои се нејзините омилени козметички производи, но и откривме неколку нови мејк-ап трикови.

Како го негувате вашето лице? Дали можеби имате бјути рутина што ја повторувате секое утро?

Привилегија е да се работи во област поврзана со нега и убавина. Јас прeферирам негата на моето лице да биде постојана. Само тогаш се добива најдобар ефект од професионалните третмани за лице и домашната препаративна козметика, кои ги користам. Моја секојдневната рутина за нега на лице се состои од 3 чекори.

Маркетинг

Прв чекор – чистење на лицето со млеко, вода, а потоа лосион за лице.

Маркетинг

Втор чекор – кој е и најбитен и е терапија на лицето, тоа е апликација на серум.

Трет чекор – за хидратација е апликација на соодветна крема.

После сето ова, за преку ден, нанесувам блемиш балм крема, која има тонирачки ефект. Таа е и еден вид природна замена за пудра. Класична пудра за лице не практикувам, бидејќи таа ја спречува кожата нормално да дише.

Со какви препарати го негувате лицето?

Исклучиво со органска козметика: Dr.med. Christine Schrammek Kosmetik. Станува збор за професионална германска козметика, чии производи веќе 60 години се присутни на светскиот пазар, а повеќе од 2 години ги има и во Македонија, во салоните на „Центар за убавина Афродита – С“. Постои цела палета на козметика за професионална и индивидуална домашна нега на лице. Во најскоро време ќе бидат достапни и за електронска продажба.

Кои се вашите омилени козметички производи?

Dr. Shrammek Premium, линија Time Control. Истата се состои од дневен и ноќен серум, како и 24 часовна крема за лице. Таа е одличен избор за кожа над 40 годишна возраст. Дава ефект на висока хидратација и абразија со помош на ноќниот серум. Помага за редуцирање на длабоките бори и ја прави кожата мазна и цврста.

Што има секогаш во вашиот несесер?

Парфем од 30 мл, балзам за усни, крема за раце, УВ заштитна крема и огледало.

На што се должи вашата одлична физичка линија?

Благодарам на комплиментот. Би било лага ако кажам дека генетиката или природата е заслужна за мојот изглед. Отсекогаш сум внимавала на своите килограми и се трудам тие да не бидат повеќе. Тоа го балансирам со правилна исхрана и физичка активност. Всушност, внимавам колку и што јадам и каква физичка активност имам. Подложна сум на задршка на течности во телото што предизвикува полесно зголемување на килограмите, доколку не внимавам на себе, но затоа постојано правам третмани за тело во „ Центар за убавина Афродита – С“. Правам различни третмани, во серија по неколку пати годишно, а потоа само се одржувам со 2 третмани на критични делови од телото секој месец. Масажа на тело практикувам 1-2 пати неделно. Во морето од третмани кои ги има во „Центар за убавина Афродита – С“, значајно место заземаат и третманите за обликување на тело. Тие се неинвазивни, а особено ефикасно ги отстрануваат маснотиите од определени области на телото. Помагаат за редуцирање на целулитот, а резултатите кои се добиват од нивната употреба е многу тешко да се постигнат само со традиционалните третмани, режим на исхрана и физичка активност.

Се трудам постојано физички да бидам активна. Пешачам секој ден најмалку по 30 минути. Се трудам да користам автомобил што е можно поретко. Го користам времето кога одам кон или од работа да се раздвижам со брзо одење. Во текот на летниот период одам на пливање, а во останатиот период од годината на јога.

Која е тајната на повеќе од 20 години успешно да опстои и да се развива вашиот бизнис?

Успешниот и континуиран развој во овие 24 години се темели на стекнатата довербата во нас, која е резултат на квалитетната и професионална услуга.

Нашиот досегашен успех е разултат и на постојаните иновации и стабилна платформа за понатамошен развој. Оспособуваме професионални кадри благодарение на едуциран и искусен организационен тим. Работиме на подобрување на квалитетот на услугите, љубезноста при извршување на услугите, постојано воведување на новитети и имаме прифатливи цени на услугите кои ги нудиме. Моето мото е постојано подобрувње во работата и континуирана грижа за клиентите.

Кои се вашите професионални планови за во иднина?

Да продолжиме да ги следиме најновите достигнувања, бидејќи сферата на козметиката постојано се усовршува и се менува. Неопходно и најважно е постојаното следење на новитетите и надградување на знаењето во оваа област. Перманентното усовршување и имплементирање на сите новитети. Усовршување и едукација на својот тим за најновите козметички достигнувања. Да се подобруваме и да овозможиме услугите да бидат на повисоко ниво, со што ќе го зголемиме бројот на задоволни клиенти.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button