Стрелците ги чека значаен напредок, но и познанство со нова личност
Годишниот хороскоп за Стрелец покажува подеми и падови. Во претходните години ви било важно да напредувате во поглед на кариерата и финансискиот статус.
Во 2019, на Стрелците ќе им се види напорно толку планирање. Спротивно на ова, во тековната година трудот и планирањето ќе го тргнете на страна. Во новата 2019 се додека повеќе се концентрирате на задоволство, се и ќе биде во ред. Доколку не наоѓате задоволство во работите што ги правите, ќе мора повеќе да се потрудите за да ги одржите работите во редослед.
Хороскопот за Стрелец за 2019, предвидува проблематични односи со семејството и пријателите. Сепак, нема да биде лошо да дознаете на кого може да се потпрете. Што се однесува до вас, вие ќе бидете во максимална форма, со сите можни квалитети кои Стрелецот го прават привлечен.
Токму тоа можно е да предизвика љубомора кај некои пријатели кои се чувствуваат загрозени во ваша близина. Немојте да носите никакви дефинитивни одлуки, но немојте ни да се ограничувате, дружете се со оној најмногу ви одговара. Сепак, оддалечете се од тип на луѓе со зајадливи коментари. До крајот на годината, вистинските пријатели ќе останат и понатака блиску. Како и една посебна личност.
Сега кога Плутон се повлекува, здравствената состојба на Стрелците се подобрува. За жал, повеќето Стрелци ќе мора да поработат на здравјето во првата половина од годината. Новата година за вас е идеална година да воспоставите ред во сонот, редовно да вежбате и здраво да се храните.
Ќе ви бидат потребни месеци да ја вратите рамнотежата во организмот, затоа почнете од јануари и сменете се што влијае на вашето здравје. Размислете за внесување витамини како додаток во исхраната. Бидете истрајни во тоа да вежбате барем 30 минути дневно. Вашето ментално здравје прилично доста се борело изминатата година и со помош на физичка активност ќе успеете да се вратите во форма. Оваа година ќе бара многу енергија од вас, затоа обезбедете си мирен сон и психички одмор.