СТРАШНА ТРАГЕДИЈА: Се преврте автобус, двајца фудбалери загинаа (ФОТО)

Тажна вест го погоди светот на фудбалот
Две лица загинаа во сообраќајна несреќа во која се превртел автобус во кој се превезувале фудбалери и стручниот штаб на алжирскиот фудбалски клуб Мулуди Ел Бајад, соопшти денеска Фудбалскиот сојуз на Алжир.
Здружението соопшти дека во несреќата загинале голманот Закарија Бузиани (27) и помошникот тренер Калид Мухтаф.
– Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Алжир, Валид Садија, денеска со голема тага ја прими веста која го остави во жалост клубот Ел Бајад – се наведува во соопштението на здружението.

Локалните медиуми јавија дека автобус со членови на Ел Бајад се превртел во северозападниот дел на земјата во градот Сугеур.
Клубот на социјалните мрежи објави дека останатите членови на тимот се во стабилна состојба.
– Фудбалскиот сојуз на Алжир одлучи да ги прекине сите фудбалски активности планирани за крајот на оваа недела низ целата земја – се додава во соопштението на асоцијацијата.




