Реклама
Новости

Страшна исповед на славната пејачка: Марија Шерифовиќ ми го спаси синот, ќе ѝ бидам благодарна додека сум жива

Реклама

Славната пејачка Нада Топчагиќ за српските медиуми раскажа неверојатна случка од нејзиниот живот за која засекогаш ќе ѝ биде благодарна на помладата колешка Марија Шерифовиќ, која и помогнала кога нејзиниот син Мирослав Микица Ѓорѓевиќ, доживеал несреќа за време на одмор на планината Јахорина, каде лекарите се бореле за неговиот живот.

Имено, Микица во 2010 година едвај преживеал по тешките физички повреди додека скијал во Јахорина, каде лекарите се бореле да му ја спасат десната нога. Дваесетина минути по несреќата лежел повреден на снегот, па дури тогаш пристигнала спасувачката служба.

Маркетинг

– Ај, што да кажам боже, не дозволувај некој да го доживее тоа што јас го доживеав. Овде и денес се наежив и солзи ми доаѓаат кога само помислувам дека можев да го изгубам мојот Микица.

Маркетинг

Страшно е да гледаш како губиш дете и си немоќен. Страшно е кога знаеш дека срцето на твоето дете застанало, искрварило до смрт и не знаеш дали ќе го видиш живо наутро. Не знам како останав нормална и како успеав да преживеам.

Дали ми верувате дека веднаш ќе се убиев ако син ми искрвареше до смрт? Не би чекала ни минута, веднаш би си пресудила. Тоа ми беше во глава, ако го нема Микица, ќе ме нема и мене. Но, добро, Господ не погледна и вечно му благодарам за тоа.

Мојот син сега е жив и здрав, убав како кукла, бакнуван од мајка му. Денот кога се разбуди го славиме како негов втор роденден. Годинава ќе навршат точно десет години од тоа.

Страшно, но како што велам, Господ е семоќен и ни помогна и му даде на Микица прекрасни деца, мои внуци, кои ги сакам најмногу на светот“, рече Нада, потсетувајќи како лекарите дури двапати и го вратиле синот во живот:

– Мојот син речиси искрвари до смрт, срцето му престана , па постојано додаваа нови единици крв. Имаше опција да му ја ампутираат десната нога, но д-р Ждрале реши да не го прави тоа, туку да се обиде да ги поврзе нервите, што на крајот и го направија.

Што повеќе да ви кажам, тие доктори мои херои, ги сакам како Господ што го спасија син ми. Не сакам да зборувам за таа Јахорина, но таа ќе ми биде врежана во главата додека сум жива.

По несреќата Нада откри дека Марија Шерифовиќ му го спасила животот на синот Микица.

„Ќе и бидам благодарна на Марија додека сум жива! Да не беше таа, којзнае што ќе се случеше со Микица.

Сите ми се јавија и ми нудеа помош, Маринко Роквиќ, Снежана Ѓуришиќ, Гоца Божиновска, но Марија Шерифовиќ понуди да испратат хеликоптер затоа што полицијата и војската одбија. Кога само ќе се сетам како пеев и давав придонеси за полицијата и војската за да ми вратат така.

-И благодарам на Марија за тој гест. Состојбата на Мики беше непроменета со денови. Не ја чувствуваше ногата неколку недели. Не дај Боже никому тоа што го преживеав јас тогаш. Не јадев ниту спиев. Не знаев за себе. Животот ми се претвори во пекол за секунда-рече Нада во својата исповед за српски Телеграф.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button