Наши ѕвезди

Стравуваат дека се заразени од коронавирусот: Славниот пар разменува нежности без контакт, додека се во изолација – испратија важна порака

Advertisement

Манекенката и музичарот имаат оправдани причини да се сомневаат дека се заразени од коронавирусот и веднаш ги спроведоа мерките за безбедност.

Манекенката Хајди Клум и нејзиниот сопруг Том Каулиц стравуваат дека би можеле да бидат заразени од коронавирусот, па не сакаат да имаат физички контакт. Додека не ги добијат резултатите од тестовите, решија да стојат понастрана еден од друг – но не можат целосно!

Advertisement

Тие двајцата се снимени како се бакнуваат преку стакло, а моментално се наоѓаат во изолација дома и така функционираат засега.

„Како и многумина од вас, и јас целата мината недела бев болна, како и мојот сопруг кој пред неколку дена се врати од турнеја. За да бидеме сигурни, одвоени сме еден од друг додека не ги добиеме наодите од тестовите на коронавирусот. Не сакаме да загрозиме никого, а колку и да сакам да го прегрнам и бакнам, поважно ми е да внимаваме. Ова се тешки времиња, но важно е да се потсетиме што ни е битно во животот – луѓето кои ги сакаме и грижата за нив“, напиша Хајди Клум на Инстаграм.

https://www.instagram.com/p/B9vJ3QvJy1c/?utm_source=ig_embed

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button