Станија целосно го промени имиџот: Нема да ја препознаете убавата старлета- фановите воодушевени од промената
Се офарба црна...
Станија Добројевиќ е една од најпознатите старлети во регионот. Со својата атрактивна појава привлекува големо внимание каде и да се појави.
Станија на јавноста и стана позната кога се појави во „Survivor Serbia VIP“, но тогаш изгледаше сосема поинаку и се претстави како студентка од Нови Сад.
Добројевиќ стекна популарност кога во 2008 година на Интернет беа објавени нејзини фотографии, кои според тоа што таа го изјави биле украдени. Тогаш фановите ја нарекоа српска се.кс бо.мба.
Воедно Станија е главниот „виновник“ за терминот „старлета“ бидејќи таа прва го донесе тој тренд, во соседна Србија.
Убавата старлета се прослави по својот природен зад-ник кој со текот на времето стана заштитен знак и поради кој, како што вели, заработила цело богатство.
Добројевиќ не прави големи промени кога е во прашање фризурата. Таа досега не ја променила бојата на коса и со години носи долга коса во чоколадна боја.
Но сега на својот Инстаграм профил објави фотографија со која ги изненади фановите.
Имено, старлетата ја офарба косата во црна. Дали се работи за трајна промена или шампон за моментална промена на бојата, останува да видиме.