Стави ШАМИЈА НА ГЛАВА, па отиде на нива – Алачки ја немаме видено во вакво издание
Популарната македонска водителка и пејачка се покажа во издание какво досега ја немаме видено.
Алачки застана рамо до рамо со жените од општина Зелениково и им се придружи во секојдневната работа.
Адријана Алачки својата кариера ја започна уште многу млада како пејачка. Најпрво беше дел од триото кое го сочинуваа таа, нејзината колешка Ирена Спасовска и нејзиниот поранешен сопруг Горан Алачки.
Откако триото се распадна, секој од нив продолжи со соло кариера, а таа освен во музиката се проба и во водителството.
Најпрво започна да ја води нејзината емисија „Вкусот на традицијата“ каде и самата таа подготвуваше традиционална македонска храна.
Алачки со својата ведрина и насмевка успеа да ги освои симпатиите на публиката, која со нетрпение чекаше да види некој нов рецепт од домаќинките ширум земјава.
Публиката ја обожава, а таа се труди да внесе топлина во сечиј дом, а и да ја пренесе македонската традиција и кај помладите генерации.
Најновиот проект на кој работи е емисијаа „Везилка“, заедно со колегите Благоја Грујовски и Ирена Спировска.
И понатаму нејзина задача е да ја промоира македонската храна заедно со жените од сите краишта од нашата земја.
Деновиве таа беше во општина Зелениково, а нејзината посета таму имаше за цел да се пренесе животот на руралната жена.
Токму во тоа име, Алачки стави шамија на глава и отиде на нива со жените од таму.
Погледнете:
ФОТО: Фејсбук / Адријана Алачки
ФОТО: Фејсбук / Адријана Алачки
ФОТО: Фејсбук / Адријана Алачки
ФОТО: Фејсбук / Адријана Алачки
ФОТО: Фејсбук / Адријана Алачки
ФОТО: Фејсбук / Адријана Алачки
ФОТО: Фејсбук / Адријана Алачки
ФОТО: Фејсбук / Адријана Алачки
ФОТО: Фејсбук / Адријана Алачки
ФОТО: Фејсбук / Адријана Алачки
ФОТО: Фејсбук / Адријана Алачки
ФОТО: Фејсбук / Адријана Алачки
ФОТО: Фејсбук / Адријана Алачки
ФОТО: Фејсбук / Адријана Алачки