Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, и нејзината партнерка, докторката Милица Ѓурѓиќ, наскоро ќе станат мајки.
Како што пренесуваат српските медиуми, Милица забременила со вонтелесно оплодување и поради бременоста веќе неколку месеци не се појавува во јавноста, а од Клиничкиот центар на Србија, каде што работи, открија дека земала породилното отсуство, пренесе Блиц.
Премиерката сé уште стои на својот став да не зборува за нејзиниот приватен живот.
„Во секој случај, благодарам за убавите желби”, изјавија од кабинетот на Ана за српската Глорија.
Полот на бебето сè уште не е откриен
Инаку, Ана и Милица се во врска скоро 10 години, а се запознале преку една заедничка пријателка во еден клуб во центарот на Белград.
„Тие се запознаа во еден геј клуб во центарот на Белград. Разменија контакт и по некое време почнаа да се гледаат почесто. Но откако стана премиерка, Брнабиќ ретко се појавува во јавноста со својата девојка, иако нивната врска никогаш не била тајна за роднините на Ана и нејзината партнерка, пишуваше весникот Курир во 2017 година.
Прв пат во јавност заедно се појавија при крајот на 2017 на отворањето на Музејот на современа уметност во Белград. Потоа често можеа да се видат заедно на разни настани, а Милица стекна симпатии во српската јавност. Таблоидите често го фалат нејзиниот стил.