Српската естрадата во солзи, почина млад музичар – потресната порака на неговата мајка ги расплака сите
Почина младиот музичар Ѓорѓе Стојановиќ Џокер (22)
Младиот музичар Ѓорѓе Стојановиќ попознат како Ди-џеј Џокер (22) ја изгуби битката од тешката болест, пишуваат српските медиуми.
За својата болест и тешката состојба ова младо момче пишуваше на социјалните мрежи, а пораката на неговата мајка ги расплака сите.
На младиот музичар состојбата му се влоши наеднаш, а во последно време не беше во состојба да го користи телефонот.
При крајот на јуни на неговиот профил на Инстаграм се појави порака дека се бори за живот и дека е на интензивна нега.
Но младиот музичарот почина во текот на вчерашниот ден.
„Џоле сабајле во 9.45 ја изгуби битката“, соопшти неговото семејство преку неговиот профил, а потоа и неговата мајка се збогуваше од него.
„Сега, сина мој, ти си со ангелите, каде што секогаш и припаѓаше. Мојот цвет, мојата чиста душа, моето сé. Некој ќе каже дека си ја изгубил битката, но јас како мајка ќе кажам, ти победи! Замина на подобро место, во мир, во чистина. Одмори се, сине мој, го заслужи тоа“, напиша неговата мајка на Инстаграм.
Инаку, Ѓорѓе за својата болест – карцином на лимфните жлезди дозна пред 18-от роденден и до крај лавовски се бореше.
„За болеста дознав пред моето полнолетство во 2018 година, кое не само на мене, туку и на сите им значи зрелост, голема радост, прослава и собирање на најблиските луѓе. тој момент, кај мене предизвика огромен страв, тага и болка“, раскажа во една пригода Ѓорѓе за српскиот Телеграф.
Од младиот музичар се збогуваше и неговиот пријател и колега, познатиот репер Михајло Веруовиќ Војаж.
„Почивај во мир брате, нека те чуваат ангелите“, напиша Војаж.