СРБИЈА ТАГУВА – почина познатиот музичар

Милош Стојисављевиќ – Цајгер, еден од најдобрите бас гитаристи на српскиот рокенрол, почина по долго и тешко боледување.
Во последните години, Цајгер беше најприсутен како член на групата Генерација 5, но во текот на својата богата кариера соработуваше со многу биг бендови и изведувачи на српската рок сцена.

Прекарот Цајгер го доби поради прецизноста и брзината во играњето и затоа беше омилен меѓу колегите.
„Кога ќе почине некој со кој нашите животи се испреплетени на толку различни начини, останува само да се напише: Почина Милош Цајгер, нашиот брат, пријател и басист на „Генерацијата 5“. Го красеа жив дух и белградски шмек, кој успеаваше да го внесе во своето музицирање. Ќе ни недостигаш надвор од сите зборови“, се простија на официјалниот профил на Фејсбук на „Генерација 5“.
Бил и директор на фирмата „Књаз Милош“.
Од него се простија бројни пријатели и колеги.




