СРАМ ДА ТИ Е, УА, ПРЕДАВНИЧКЕ: Родители ѝ се нафрлија на директорката од Чашка што дозволи албанска паралелка (ВИДЕО)
Полицијата со жив штит ѝ помогна на Николова да се пробије меѓу гневните родители.
Пред основното училиште „Тодор Јанев“ во Чашка денеска се случи инцидент. Голем број од насобрани родители не ѝ дозволуваа да помине на директорката на училиштето, Елена Николова, да влезе во улилишната зграда. На видеото кое се споделува на социјалните мрежи се слуша како толпата народ во еден глас извикува :
„Дојди дојди, директорке, како не ти е срам , ѓубре едно“, „Удрете ја, турнете ја, оваа го направи ова“, „Уаа предавничке“,.
Ова доаѓа по одлуката на МОН да се отвори албанска паралелка во ова училиште. Родителите трета недела ја бојкотираат наставата поради тоа, а денеска преку јавен линч го покажаа револтот и гневот.
Полицијата со жив штит ѝ помогна на Николова да се пробије меѓу гневните родители.
Училиштето, според статутот е само за настава на македонски јазик и во населено место со Македонци и отворањето на ваква паралелка, според родителите е насилно и незаконски.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ЦЕЛОТО ВИДЕО ТУКА.